Илија Несторовски беше стрелец на еден од двата гола во победата на Удинезе на гостувањето кај Рома синоќа. Македонскиот напаѓач влезе во второто полувреме и на убава асистенција на Де Паул ја затресе мрежата на домашниот тим.
За Удинезе ТВ тој даде коментар за настапот го посвети голот на свој соиграч.
„Најважно е што победивме. А победата е заслужена, затоа што навистина игравме одлично исто како и на претходните мечеви против Торино и Аталанта но тогаш за жал резултатот не беше во наша корист. Сега остваривме добар резултат и сите сме среќни што трудот конечно донесе важна победа. Ја посветувам оваа победа и мојот погодок на Роландо, знаеме дека минува низ лоша повреда, но вчера дојде со нас и тој беше на стадионот да навива за нас. Овој триумф е за него и се надевам дека ќе може наскоро да се врати затоа што многу ни недостасува“, вели Несторовски.