Доаѓањето на најновите генерации на конзоли, пред се PlayStation 5 е испратен е со екстремен недостаток на истите, што за жал и натаму трае, а купувачите моментално единствената шанса за купување ја имаат од препродавачи.

Тоа доаѓа со огромно зголемување на цената на конзолите, кои на eBay котираат до неколку илјади долари, но ни тоа не му гарантира на купувачот дека ќе ја добие конзолата. Тоа за жал го искуси еден несреќен купувач од САД, кој на eBay платил 900 долари за Playstation 5 конзолата.

Наместо самиот уред, човекот добил бетонски блок во кутијата за Playstation 5.

Тој платил доста повеќе од реалната цена за самата конзола, а добил нешто сосема друго и не е единствен низата измамени. Компанијата eBay им издаде предупредување на купувачите да се чуваат од измамници, а посебно оние кои по енормни цени продаваат само слики од Playstation 5 конзолата.

Поради правилата на оваа платформа за препродажба, лицето кое го добило бетонскиот блок веројатно ќе си ги добие назад своите пари, но тоа не е никакво долгорочно решение.