Вчеравечер во 20: 30 часот било пријавено дека на патот Кичево-Гостивар, во правец на превој „Стража“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.К.(74) од Скопје и патничко моторно возило „пежо 406“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.И.(58) од Тетово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.И., а со телесни повреди се здобил Ј.К. и двајца сопатници од возилото “пежо“ А.М. и Т.Б., констатирани во Медицинскиот Центар Кичево. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кичево.