x

Нерес им се одмазди на двете девојки кои го исмејувале кога бил млад

Нерес беше еден од најдобрите играчи минатата сезона во дресот на Ајакс со кого стигна до полуфиналето во Лигата на шампиони. Ваквите игри беа причина за повик во репрезентацијата на Бразил и за него оваа 2019 година сигурно беше подобра од очекувањата.

Овој 22-годишен фудбалер откри дека токму славата му го променила животот, кога бил дете немал многу среќа во љубовта.

„Додека бев млад две девојки постојано ме исмејуваа. Пет години подоцна кога се вратив во мојот роден град, ги најдов двете ги однесов во хотел со пет ѕвезди. Потоа им кажав дека морам да одат до тоалет, си заминав дома, секако не им ги платив собите“, рече Нерес.

Тој сега е среќен во љубовта, има девојка која е модел.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата