x

Нереално: Третолигаш му нуди договор на Балотели

Марио Балотели речиси сигурно си оди од Бреша по завршување на сезоната. Тој имаше неуспешна сезона, а неговиот тим веројатно ќе испадне од Серија „А“. Балотели се соочи и со проблем со Бреша, а во моментов не игра за тимот.

Има неколку понуди каде да ја продолжи кариерата. За него се интересира тимот на Бока Јуниорс, но стигна и една понуда од амбициозен тим.

Станува збор за италијанскиот третолигаш Комо, кој планира да испрати понуда. Сепак, тоа е нереално, и се чини дека Балотели имаа поголеми цели и амбиции.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата