Непријавените дадилки кои чуваат деца кај соседи и во свои канали од денеска имаат законска можност да регистрираат aгенција за бејбиситинг.

-Законот за заштита на децата, предложен од Владата помина на собрание и на 14 февруари е објавен во службен весник. Во рок од осум дена по објавувањето стапува на сила а во рок од 60 дена од објавувањето се дополнува со подзаконски акти и на тоа во моментов работат стручни екипи, вели Давор Политов од министерството за труд.
Измените во законот се со цел надминување на проблемот со нерегистрираните лица кои чуваат деца.