x

Неочекуван потег на Интер пред мечот со Фиорентина

Интер вечер и гостува на Фиорентина во рамките на 16. коло во Серија А. Пред овој дуел, челниците на клубот направија неочекуван потег, ја откажаа прес-конференцијата за медиумите поради критиките упатени на сметка на Антонио Конте.

„Со цел да испратиме порака до сите медиуми дека мора да покажат почит кон оредени луѓе, одлучивме да ја откажеме прес-конференцијата“, стои во соопштението на Интер, кој вечерва влегува од првото место со 38 бода, додека пак Фиорентина 13-та.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата