Попладнево Вељко Ражнатовиќ и неговата сопруга Богдана Родиќ се заколнаа на вечна љубов во светиот храм Свети Сава.

По ова парот се венчаше и пред матичар, а потоа ги пречекаа и сите гости во луксузниот ресторан во Белград.

Познати лица пристигнаа во хотелот Хајат, а една од нив беше Светлана Бубања Буцка, за која се шпекулираше дека е во лоши односи со Цеца Ражнатовиќ, иако претходно беа неразделни.

Кога ја прашале од каде таа на свадбата на Вељко, кога имала лоши односи со Цеца, кратко рече дека нема никаква расправија.

– Сигурна сум дека сето ова ќе биде врвно, знаеме дека Цеца напорно работи и на нивните родендени, па не се сомневам дека ова ќе биде и светски, иако е наше – рече Буцка за шоуто „Премиера викенд специјал“ на ТВ Пинк.