Американскиот државен секретар Хилари Клинтон ги повика Јапонците да продолжат да бидат активни на светската сцена и во периодот кога се борат со последиците од нуклеарната криза по катастрофалниот земјотрес и цунами, ветувајќи и на земјата американска помош и поддршка. Јапонскиот премиер Наото Кан вети “повторно раѓање” на Јапонија и продолжување на јапонскиот придонес во светската економија и дипломатија.