x

Необјасниво распаѓање на Лидс! Водеше 3:0 па за малку ќе изгубеше…

Лидс Јунајтед одигра чуден натпревар против Кардиф Сити во Чемпионшип дивизијата. Јоркширскиот тим имаше три бода во раце и за малку ќе останеше без ниту еден… Интересно со двата гола на Бамфорд и еден на Хелдер Коста четата на Марсело Биелса водеше со 3:0 се до 60. минута, а потоа тотално потона во зимски сон. Дали се опушти или нешто друго е во прашање не знаеме, но гостите се разиграа како да е финале и стигнаа до бод иако имаа и играч помалку.

Во 60 минута преку Томлин намалија, па во 82 минута Морисон го врати велшкиот тим во живот. Пет минути подоцна Морисон го напушти теренот поради црвен картон, но веднаш потоа Глацел го изедначи резулатот. Лидс беше принуден да се брани и да го чува голот, да не остане и без тој еден бод.

Езџан Алиоски ги одигра последните 10 минути од натпреварот. Овој кикс на Лидс го чинеше пад на второто место, а лидерското место во презема ВБА кој има два бода предност.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата