x

Необичен коментар на Словенецот: Лука Дончиќ “удри“ по Пол Џорџ!

luka-i-gorg

Поради еден коментар Лука Дончиќ, словенечкиот кошаркар и член на Далас, буквално “дигна прашина“ во НБА. Лука ги гледаше двата синоќешни меча во Дизниленд, а по градскиот дуел меѓу Лејкерси и Клиперси, на инстаграм профилот напиша.

ПГ 30 е проблем, секогаш така било“.

Се разбира дека мислеше на ѕвездата на Клиперси Пол Џорџ, кој постигна 30 поени, но имаше многу промашени зицери што помогнаа Лејкерси да победат.

Тој пост наиде на голем број коментари, имаше и такви кои му посочија на Словенецот да си ја гледа својата работа а не да коментира настап на кошаркар од противничка екипа и дека Мајкл Џордан никогаш не би си дозволил да напише нешто за Коби Брајант непосредно пред доигрувањето.

Интересно е тоа што во плеј – офот Далас веројатно ќе игра против Клиперси.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата