Илјадници луѓе во Хонг Конг учествуваа на протестниот марш на првиот ден од Новата година, пришто дојде до судири меѓу полицијата и демонстрантите.

Полицијата соопшти дека уапсила околу 400 лица за нелегално собирање и носење на офанзивно оружје. Радикални млади луѓе се разделија од групата демонстранти и фрлаа боја, камења и молотови коктели врз банките и банкоматите. Тие уништија дел од семафорите на булеварите и поставија барикади во центарот на Хонг Конг.

Полицијата употреби бибер-спреј, солзавец и водени топови за да ги одврати демонстрантите, а во владината изјава се наведува дека полицијата употребила „потребна минимална сила“, пренесува АП.

На новогодишната ноќ се случи и судир на полицијата и уличните демонстранти.

Властите во Хонг Конг го откажаа традиционалниот новогодишен огномет, повикувајќи се на безбедносни причини.

извор: Makfax