Една зграда за јавни услуги во американскиот град Портланд беше запалена за време на синоќешните протести.

Протестите завршија следното утро откако демонстрантите се судрија со полицијата.

АП наведува дека околу 200 демонстранти запалиле контејнери за ѓубре, кршеле прозорци на првиот кат од зградата со камења, а потоа фрлале запалени предмети низ нив, а поради оганот се активирал противпожарниот систем во зградата.

За да ги растера демонстрантите, полицијата користела средства како што се солзавец и шок-бомби. Во немирите е повреден еден полицаец кој се здобил со полесни повреди и уапсени се двајца демонстранти.

Слични насилни протести во Портланд се случија во неколку наврати од убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен од бел полицаец во Минеаполис.

извор: Makfax