x

Нема шега со Академија ФМП преку ТФТ до врвот во Првата лига (ФОТО)

fmp-tft-3

Академија ФМП е новиот лидер во Првата лига. Тимот од Кисела Вода ја запиша третата победа во низа, четврта оваа сезона, откако на домашен терен го совлада ТФТ со 89-75 во меч од деветото коло.

Харис со 22 поени и 9 скока беше прв стрелец, зад него беше Атанасов со 20 поени. Во редовите на гостинскиот состав Андерсон имаше 27 поени.

Домаќинот одигра одлично во првата четвртина во која имаше позитива од 30-14, гостите пред истекот на десетата минута постигнаа два поени за 30-16. Не застанаа избраниците на Александар Петровиќ во 13. минути со слободните фрлања на Атанасов поведоа со плус 21 (39-18). На другата страна ТФТ никако не успеаваше да најде решение за нападот на противникот, а тешко одеше и во реалзацијата. На полувремето беше 45-37, благодарение на серијата на гостите од 11-0.

Следеа десет изедначени минути (22-22), па во одлучувачката последна четвртина домаќинот влезе со предност од 67-59, а потоа 67-62 најава за интересна завршница.

Гостите се обидуваа на секој можен да го извадат од рамнотежа противникот, но се случи спротивното. На четири минути до крајот не искористија два нападот, па ФМП успеа да ја врати двоцифрената предност 79-67, која на крајот беше доволна за победа. Кошаркарите на ТФТ имаа очајни обиди да се вратат, но веќе беше доцна.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата