Министерот за здравство, Венко Филипче пред малку и официјално ги соопшти новите мерки за превенција од ширење на коронавирусот. Тој потврди дека сите спортски настани во следните 30 дена ќе се играат без публика, а училиштата, градинките и универзитетите нема да работат 14 дена.
Токму поради затворање на училиштата, нема да работат ниту школите, поточно клубовите за ракомет, кошаркар, фудбал…во кои тренираат мали дечиња.