Речиси во цела Македонија граѓаните чекаат  термини за тестирање  на коронавирус. Во некои градови граѓаните кои имаат симптоми не можат да се тестираат со денови, а долго чекаат и за резултат. 

Зголемениот број на заболени го отвори прашањето за издржливоста на системот и во однос на тестирањата но и за капацитетот на болниците.

Министерот Венко Филипче, вели дека  дел од интерните клиники да отстапуваат свои капацитети за лекување на ковид пациенти

– Настапува мобилизација во функција на Ковид-19 иако здравствените власти не сакале да се запостават и другите болни, рече Филипче 

Според него веќе од денеска кога е празник па и утре и задутре за време на викенд ќе има многу повеќе термини за тестирање. Тој препорачал персоналот да работи без паузи.