x

Нема спас за Беласица, лесни „три“ за Пелистер!

belasica-pelister
Беласица – Пелистер 0:2 (0:1)
Стадион: „Благој Истатов“, во Струмица.
Главен судија: Боби Величков.
Помошници: Новачев и Џонов.
Делегат: Адмир Зекировиќ од Скопје.
Стрелци: Нето 10’, Фазлију 60’(П)
Ж. Картони: Калановски, Бајрами, Размоски (Б), Талевски (П)
Играч на натпреварот: Алдаир Нето – Пелистер
БЕЛАСИЦА: Силјановски, Милушев, Размоски (Радојчиќ 61’), Копачки, Митев (Серафимовски 70’), Пановски, Ивановски, Михаилов (Сулев 85’), Бајрами, Каланоски, Да Силва.
ПЕЛИСТЕР: Талески, Танушев, Спиркоски (Поповски 84’), Хот (Маневски 84’), Борха (Илиевски 35’), Фазлију, Пејаковиќ (Николовски 61’), Драгарски, Стојановски, Илиески, Нето.
Прва победа на гостувањата за Пелистер во оваа сезона откако „зелените“ попладнево имаа успешна мисија во Струмица. Португалецот Алдаир Нето и младинецот Љавдрим Фазлиу беа стрелците на двата гола за гостите кои дојдоа и заминаа со посакуваната цел – трите бода со кои битолчани сега имаат вкупно 9, со кои се во горниот дел од табелата. По само 10 минути игра Пелистер веќе имаше 0:1. Слободен удар на 20 метри по средината на теренот. Алдаир Нето мудро го узведе ударот, топката мина крај живиот ѕид и се закова во долниот лев агол. Момент кој беше пресуден на овој меч. Рано водство на гостинот кој со добра кондиција и поставеност на теренот ја контролираше играта во текот на сите 90 минути иако Беласица во дадени моменти имаше иницијативи, удари, корни…
Пелистер ја завери победата уште во 60 минута кога уфрлената топка на 6-7 метри од голот на Беласица ја користи младиот Фазлиу. Реагира како вистински голгетер и со удар од прва ја тресе мрежата на домашните. Пелистер речиси од двете големи шанси ги даде и двата гола. Битолчани делуваа зрело и искусно. Знаеја дека имаат квалитет, не паничеа и рутински стигнаа до победата. Домашните имаа во 42 минута шанса за 1:1 преку Михаилов кој доби одлична топка од Каланоски но неговиот удар со глава оди лошо над голот. Домашните бараа и пенал во 34 минута но судијата Величков процени дека стартот врз Калановски не е за удар од белата точка. Да Силва и Радојчиќ во самиот финиш имаа шанса за утеха и да го ублажат поразот но немаа успешна завршница.
Од можни 18 ниту еден бод! Лош скор има Беласица на отварањето на новата сеозона. Од можните 18 бодови тимот од Струмица не освои ниту еден бод. Едно од најлошите влегувања во нова сезона на тим во елитното друштво. Сепак треба да се биде реален. Калановски, Милушев и Да Силва е триото кое има квалитет но премалку се тројца вакви играчи за битка со останатите екипи во Првата лига. За разлика од Беласица, Пелистер со втора победа и втора на тим од Струмица. Вкупно 9 бода што е екстра за тимот на Зоран Штерјовски. Пелистер даде два гола иако на изминатите три меча не постигна ниту еден.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата