x

Нема скршеница на зглобот, Нејмар ќе паузира неколку недели!

nejmar600585807020201214125148

Добри вести од Париз во текот на денот, а се однесуваат за Нејмар, најголемата ѕвезда во таборот на ПСЖ. Имено, како што пишуваат тамошните медиуми, Бразилецот нема скршеница на зглобот, тоа е добро, зошто во спротивно пауза ќе беше барем три месеци и ќе го прошуштеше 1/8 финалето од ЛШ протв Барселона кое се игра во средината на февруари.

Вистина е дека точната дијагноза се уште не е доставена, но радува веста дека кај зглобот на Нејмар нема фрактура, тоа е најважно. Ова значи дека неговата пауза ќе се мери со недели а не со месеци.

Останува надежта на “светците“ дека Бразилецот набргу ќе се врати на зелените терени, иако и дефинитивно е јасно дека за него оваа 2020 заврши.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата