Најголемата ѕвезда во дресот на американскиот прволигаш ЛА Галакси, Стивен Џерард, откри дека шпанскиот стручњак, Рафа Бенитез, е најдобриот тренер со кој има соработувано.

Рафа Бенитез е најдобриот менаџер со кого сум работел во мојата кариера. Едноставно, негова силна страна е тактиката и во тоа беше одличен. Исто така, уживав да работам со Кени Даглиш, а Брендан Роџерс е многу паметен човек, но како да му недостасува малку среќа за да биде поуспешен во фудбалот, изјави Џерард.

Поранешниот репрезентативец на Англија имаше одлична соработка со трофејниот стручњак додека двајцата беа дел од англискиот премиерлигаш Ливерпул.