x

Нема повторени натпревари во ФА Купот следната сезона?

fa-cup

За да се олесни организацијата на следната сезона која ќе бид еприлично долга ако нема некои рестрикции, Англиската фудбалска асоцијација донесе одлука дека во новата сезона од ФА Купот нема да има повторени натпревари.

Исто така, се разгледува можноста клубовите кои се уште се во европските натпреварувања, да добијат дополнително време за одмор и ќе ја започнат сезоната подоцна од другите. Ова првично значи одложување натпревари и дополнителни компликации во тесниот распоред.

ФА и ЕФЛ се соочуваат со закана од клубовите кои ќе играат во европските натпреварувања да се прекине Лига купот, а доколку тоа не се случи, тие во ова натпреварување ќе играат со младинци. Клубовите инсистираат на тоа дека, доколку се должни да играат во Лига купот со првите тимови, фудбалерите нема да имаат доволно време да се опорават бидејќи ќе играат во густ распоред на неколку фронта со дополнителни патувања надвор од Англија.

Преговорите за оваа тема ќе продолжат следната недела.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата