Актерката Лилјана Јакшиќ во неколку наврати зборуваше за тешката финансиска состојба во која се најде оваа година, а сега изнезе детали кои сигурно ќе изненадат многумина.

– Мојот сосед вчера ми тропна на врата, требаше да се дадат 5000 за лифт, годишно одржување, што и да е. Јас сум во шок, во моментов 5000 динари ми се како 5 милиони – започна приказната на Јакшиќ.

– Ја држам таа хартија, бев вон себе, а ќерка ми отиде во собата и ми ги носи банкнотите што ги чувала 200, 300, 500, зачувани во мал паричник, ми ги даде и ми вели: „Те молам, плати за лифтот“. Таа инсистираше да ги земам, и реков: „Остави, ќе побарам кога воопшто ќе немам ништо“, така беше – рече актерката.

– Ќерка ми е многу емпатична, емотивна, посетува бесплатни часови по гимнастика. Сè сведовме на минимум – вели актерката, која не сака да открие кој е таткото на нејзината седумгодишна наследничка Дарија.

Потоа откри кој и помага во овој период.

– Се е „покриено“ со станбен заем. Тешко е. Морам да им се заблагодарам на моите пријатели за помошта, одличната помош. Имав некои заштеди, тоа е тоа. Долго време немам работа, би сакала да глумам во серија, или во филм, уште подобро – заклучи вели Лилјана Јакшиќ