Нема оправдание за непријателските, расистички или ксенофобични реакции против имигрантите, изјави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, за време на посетата на Хрватска.

Тој нагласи дека приоритет на Европската унија е да ја спречи загубата на човечки животи меѓу мигрантите, кои патуваат преку Средоземното Море за да стигнат до Европа.

Туск изјави уште дека добрата соработка меѓу Хрватска и Словенија е особено важна во контекст на проблемите, со кои е соочена Европа, односно мигрантската и бегалската криза без преседан.

Тој нагласи дека Европската унија ги охрабрува Хрватска и Словенија да постигнат консензус за нивниот спор за граничната арбитража.