x

НЕМА НОВИ ЗАРАЗЕНИ: Во Јувентус сите се „чисти“

Една од најпогодените екипи во Серија А со коронавирусот, Јувентус, повеќе нема ниту еден член на тимот или персоналот кој е позитивен на КОВИД-19.

За време на пандемијата кај Јувентус тројца играчи беа позитивни на коронавирус, Ругани, Матуиди и Дибала, но од клубот најавија дека сега сите се „чисти“. Тимот кој се врати на тренинзи исто така полека се комплетира со враќањето на Матуиди и Сами Кедира, кои штотуку започнаа со работа. Се очекуваат само да се приклучат уште Игуаин и Рабио.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата