x

НЕМА НИШТО СТРАШНО: Ден-два одмор за Митревски и Поповски

Селекторот Данило Брестовац, а и македонската ракометна јавност може да здивнат затоа што Никола Митревски и Мартин Поповски немаат посериозни повреди, откако и двајцата пријавија болки во мускулите и беа поштедени на првиот меч со Кувајт.

Дополнителните лекарски прегледи покажаа дека не станува збор за повреди, туку за моментална болка, за која превензијата е ден-два одмор пред да се вратат на теренот.

И Митревски и Поповски ќе бидат во комбинација за вториот меч со Кувајт, но ќе влезат во игра само доколку има потреба.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата