Оној кој не ја преболел бившата

Тоа што тој се уште не се откажал од претходната значи дека никогаш нема да има доволно простор и време за вас. Освен ако не сакате да бидете втора опција, почнете да се оддалечувате во истата секунда.

Оној кој те крие

Секој однос кој „мора” да биде таен, не е вреден за вашите нерви и труд. Ако тој ве крие, веројатно има добра причина. Ако не се работи за верски причини или затоа што ги прекршувате правилата на компанијата во која работите, тогаш тоа за него е само игра.

Оној кој постојано се извинува

Луѓето се извинуваат кога им е жал, но премногу честото извинување може да биде спротивно и контрадикторно. Ако навистина му е жал, нема да го направи повторно.

Оној кој е емоционално недостапен

Него му е супер, забавно, убаво, но едноставно не сака врска. Или е повреден или не постојат емоции, трето нема и не се залажувајте. Одете си што поскоро затоа што нема ништо интересно да ви понуди.