Романскиот Сенат вчера усвои измени во Законот за семејство, со кои девојките во Романија нема да можат да се мажат пред 18-тата година. Измените се усвоени на предлог на пратенички од опозициската Социјалдемократска партија. Романските сенатори исто така усвоија и одредба дека родителите можат да се откажат од правата кон детето, најдоцна три години по неговото раѓање.