x

Нема лабаво во Франција: Металург од сала експресно право во хотел

metalurg

Тулуз е еден од оние градови во Франција во кој се врати полицискиот час, истиот почнува во 21 часот, па токму затоа експедицијата на Металург веднаш по мечот мора веднаш да се врати во хотелот.

Казните за непочитување на мерките се големи, нема попуст за никого, па ниту во овој случај кога станува збор за меч од меѓународен карактер, а за тоа говори и фактот дека средбата се одигра два часа порано од претходниот термин.

Металург веќе утре се враќа во Скопје, ќе има доволно време за рехабилитација и подготовка за мечот од 2. коло против Висла.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата