x

Нема криза во Лацио: Луис Алберто со нов договор, со двојно поголема плата!

Каква криза? Нема криза во Лацио, барем така се однесува Клаудио Лотито, првиот човек на римскиот клуб. Лотито како да живее во некој дрг свет, а не на оваа планета која е „зафатена“ со страшниот Ковид-19, па така сака што побргу да продожи сезоната, сака човекот да го освои скудетото, и тука нема дилеми.

Најново е тоа што тој му наредил на спортскиот директор Игли Таре, по секоја цена да го задржи Луис Алберто, главниот играч за врска кај „лацијалите“. Да му понуди нов дооговор со трајност до 2025 година, и секако двојно побогат. Досега шпанецот на „Олимпико“ земаше годишна плата од 1,8 милиони евра, а со новиот договор би земал 3,5 милиони, исто како Имобиле, Милинковиќ – Савиќ и Леива. 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата