Владата вчера се задолжи за нови 15 милиони евра. Имено, вчера се одржа аукција на државни хартии од вредност во износ од 900.000.000 денари или околу 15 милиони евра

Експертите алармираат за огромните задолжувања која ја следат оваа влада посебно и поради отсуството на капитални инвестиции, инфраструктури и стратешки проекти.

Инаку, она што е најкарактеристично за оваа власт е дека пред да дојде на власт оваа владеачка гарнитура, беше главен критичар на задолжувањата, но од кога се во владејачка позиција континуирано ги практикува.