Тројца кандидати за советници во општинските совети кои заглавија во лустрациското сито биле жртви на поранешниот систем, а не кодоши, утврди Комисијата за верификација на фактите откако добиле информации дека тројца од имињата на кандидатите се јавуваат во нивната евиденција.

Се работи за кандидати за советници во општинските совети. Сите тројца се од Кичево, двајца од нив биле жртви на поранешниот систем, а еден лежел и во затвор за албански национализам и сепаратизам. Името на другиот кандидат се совпаднало со име на лице што се јавувало во евиденцијата на службите”, изјави портпаролот на Комисијата, Предраг Димитровски.
Одлуката дека тројцата кандидати не биле соработници, туку следени лица, лустраторите ја донеле едногласно. Комисијата за верификација на фактите ја исполни обврската и во предвидениот рок ги испрати до Управата за безбедност и контраразузнавање, Државниот архив, Агенцијата за разузнавање и Воената служба за разузнавање при Министерството за одбрана проверените кандидатски листи, односно на 6.339 лица-кандидати за носители на јавна функција како советници и градоначалници.(Ј.Ц.)