Како што соопшти бугарското Министерство за труд и социјална политика, ваквиот договор бил постигнат на денешната средба на Калфин со претставници на синдикатите.

На средбата е потпипшан Меморамдум за разбирање, со кој бугарската Влада се обврзува дека во текот на 2015 година нема да има ново зголемување на старосната граница за заминување во пензија.

Со Меморандумот е утврдено дека во текот на идната година старосната граница за заминување во пензија ќе се зголеми за четири месеци, како што е предвидено со актуелниот закон и се остава простор за преговори за решавање на спорните прашања до крајот на март.

Владините најави за реформи во пензиксиот систем и за зголемување на старосната граница за заминување во пензија, изминативе денови предизвикаа масовни протести низ бугарските градови во организација на водечките синдикати.