Во Вухан, епицентарот на пандемијата на коронавирус, веќе нема заразени пациенти во болниците, објавија здравствените работници во тој кинески град.

Се верува дека коронавирусот за прв пат се појави на пазар во Вухан во декември оваа година и оттогаш заразени се над 2,8 милиони луѓе ширум светот, со речиси 200.000 мртви.

„Најновите вести се дека на 26 април, бројот на нови пациенти во Вухан бил – нула, благодарение на големите напори на здравствените работници во тој град и низ цела Кина“, рече Ми Фенг, портпарол на Националната комисија за здравство.

Вухан пријавил 46.452 случаи на инфекција со коронавирус за време на епидемијата, односно 56 отсто од сите случаи во Кина. Починале 3.869 луѓе – 84 проценти од вкупно заразените во Кина.

извор: Makfax