По петчасовна средба работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не најдоа заеднички јазик околу Специјалното јавно обвинителство. Опозицијата бара СЈО да ја загуби автономијата и да се вклопи во обвинителството за организиран криминал.

– Не се прифaтливи за нас одредбите и не се прифатливи одредбите да сам си создава буџетот што е неприофатливо во една демократија. Еден орган сам да каже колкав буџет има на располаѓање и притоа да не трпи никаков надзор. Ние остануваме на принципот СЈО да биде како одделение – изјави Тони Менкиноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Власта не го прифаќа предлогот на ВМРО ДПМНЕ. Министерката за правда Рената Дескоска која ја предводи работната група во име на СДСМ вели дека на тој начин ќе постои опасност од незавршени предмети или амнестирања. Остануваат на ставот дека СЈО треба да продолжи и понатаму како самостоен орган.

-Барањето коешто го доставија СЈО да биде дел од обвинителствоито за организиран криминал, а не посебно обвинителство е прашање кое не може да биде прифатено од причина што и во самата стратегија на реформи за праводуството, но и една од стратешките определби е дека СЈО треба да продолжи како обвинителство, а не одделение во друго обвинителство – изјави Дескоска.

Нова средба за законот за јавно обвинителство ќе има в петок, откако барањата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се преточат во амандмани.