Се уште нема договор за избор на нови членови на ДИК. Oд СДСМ денеска ги одбија барањата на ВМРО – ДПМНЕ како предуслов за формирање на ДИК и побараа веднаш да се формира највиското изборно тело. Во спротивно,обвинуваат од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ намерно го одбегнуваат референдумот и бегаат од избори.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=-NXU4HlbPeQ autoplay:0]

– Ние не сме против да има техничка влада, ако има потреба. Апсолутно е јасно дека нема никаква потреба од формирање на некаква техничка влада, при таква здрава демократија, велат од СДСМ. Амнестија на криминалци нема да има.

Од друга страна, од СДСМ велат дека измените во изборниот законик и во законот за финасирање на политичките партии кои исто така ги бара опозицијата веќе се договорени, и тие се спремни да ги изгласаат во Собранието. За нив шпекулација се информациите дека постои премолчен договор меѓу власта и опозицијата за да се одбегне референдумот за името.

ВМРО-ДПМНЕ пак, обвинуваат дека СДСМ е таа која ги кочи реформите. Велат дека мора да се обезбедат минимум услови за фер и демократски избори со техничка влада и професионална ДИК.

– Поширок е опфатот на работи кои ги договоривме во март, а ДИК беше последна на тој список. Сега треба да се донесе законот за финансирање на политички партии, потоа следи законот за Влада во кои ќе влезат овие измени и ќе станат пракса до моментот додека Македонија не влезе во ЕУ, а законот за амнестија кој што ќе го предложам, ќе биде изготвен и на увид на партиските тела, па поднесен во Собранието. Тој се однесува на оние луѓе кои поради 27 април се наоѓаат таму каде што се, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за Ал Џезеира. 

Во меѓувреме од партијата на Бачев денеска звојот предлог закон за амнестија кој неколку пати се обидоа да го поднесат во Собранието го доставија до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Албанските партии пак, веќе ги одредиле своите кандидати за ДИК, чекаат на договорот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Доколку не се најде договор и не се закаже комисијата за избори и именувања Талат Џафери најави дека има намера изборот на ДИК да го стави на седница на 17 јули. Од друга страна, членовите на ДИК се избираат со 2/3 мнозинство што значи дека неопходни се гласови од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.