Потпретседателот на Здружението на угостители на Будва, Илија Арменко смета дека годинава туристичка сезона во Црна Гора нема да има. Ситуацијата е загрижувачка бидејќи сите договорени аранжамни се откажани.

Не треба никој да се залажува дека сепак нешто од сезоната ќе има. Сите договори со агенциите се откажани. Има меѓу нас некои кои мислат дека сепак можно е гости да ни пристигнат во август и септември, но и тоа е големо прашање. Русите ги суспендираа авиолетовите до први септември, Чесите и Французите истото го најавуваат, а тие ни се главните гости. Од Србија нема да дојде никој освен оние кои имаат свои викендици и апартмани. Колку што сум запознат, гостите од Србија размислуваат ако може да се патува да заминат за Грција, или пак ќе си останат во својата земја, вели Арменко.