“Децидно изјавувам дека девалвација на денарот нема да има. Народната банка на Македонија ќе го брани овој курс на околу 61 денар за евро на кој опстојуваме подолго време”, изјави вчера гувернерот Петар Гошев, истакнувајќ и дека деновиве ова прашање повторно се актуализираш е во МАНУ и дека се создаваат непотребни тензии во јавноста. Тој бе- ше категоричен дека Централната банка ќе го брани кредибилитетот на денарот и нема да дозволи тој да биде разнишан, поткрепувајќ и ја констатацијата со повеќе факти кои одат во прилог на тоа дека очекувањата за евентуална девалвација на домашната валута се несоодветни. Тој истакна дека на девизниот пазар во земјава има доволно девизи. Банкарскиот систем за осум месеци од годинава е “побогат” за 51 милион долари, за 64 милиони долари се зголемени девизните депозити на населението во банките, на фирмите за 53 милиони долари, а на Централната банка за 10 милиони долари. Што се однесува до менувачкиот пазар и на него состојбата е стабилна. Дури годинава менувач ите откупиле повеќе девизи од лани или гледано низ бројки, за осумте месеци лани на менувачкиот пазар биле откупени 178 милиони долари, а годинава за истиот период тие откупиле 337 милиони долари. Во прилог на тврдењето дека нема простор за девалвација на денарот Го- шев истакнува дека дефицитот во надворешнотрговската размена за осумте месеци од годинава е 772 милиони долари и дека до крајот на годинава се очекува тој да изнесува 18,3 отсто од бруто-домаш ниот производ, давај- ќи акцент на тоа дека овој дефицит во јули и август е стеснет и доколку не се престане со шпекулациите тој ќе се зголемува. Гувернерот наведе неколку причини поради кои НБРМ е на став дека не треба да се менува курсот на денарот, меѓу кои фактот дека македонската економија е високо евроизирана и дека 65 отсто од вкупните депозити во банките се во девизи, потоа дека економијата е високо зависна од увозот и дека девизниот курс има најголемо влијание врз нивото на инфлацијата. “Сите овие карактеристики на нашата економија пока- жуваат дека промена на курсот би предизвикала сериозни последици. Курсот не ја намалува ценовната конкурентност на македонските производи и сметаме дека со негова промена и повисока инфлација нема да се подобри состојбата во стопанството. За тоа се потребни подлабоки структурни реформи и зголемување на продуктивноста”, истакна Гошев и додава дека за промена на режимот на курсот на денарот може да се дискутира во иднина.


ВЕСНА М. БОЖИНОВСКА