Предводникот на англискиот премиерлигаш Лестер, Клаудио Раниери откри дека пријатно ќе ги изненади своите фудбалери доколку не примат погодок на следниот првенствен натпревар.

Викендов, Лестер му гостува на секогаш незгодниот тим на Стоук, а пред натпреварот Раниери изјави дека ќе ги почасти своите фудбалери со пица и ход-дог доколку не примат ниту еден погодок на “Британија”.

Би платил пица за целиот тим доколку не примат гол. Можеби и хот-дог, се пошегува италијанскиот стручњак.