Изборот за полноќна забава во Скопје, од завчера вечер е побогат за уште едно место. Тоа е дискотеката “Процес” чие официјално отворање се случи во средата вечерта. И одново, препознатлива слика, редици пред вратите,толпа народ која со надеж чека дека кога некој ќе ја напушти дискотеката ќе имаат можност да влезат. Но, поради одличната забава, никој не излегуваше, а внатре вриеше како во кошница. Имаше шминкери, позераш и, доволна количина на естрадни фацки, политич ари, но и постари господа во костуми кои придонесоа за одличната атмосфера во, до последното место, пополнетиот “Процес”. Набиени едни до други како сардини во конзерва, со пијалакот во рака сите овие момци и девојки меѓу кои ги забележавме и Радмила Шеќеринска со своето момче, портпаролот Кондарко, Адријан Гаџа, Тамара Тодевска одлично се забавуваа се до три часот колку што е и работното време, на оваа дискотека. А, забавата уште од самиот почеток со првите тонови на техно звуците, кои доминираа во музичкиот репертоар на диџејот мирисаше на одлична журка и покрај проблемите со огромната гужва. Но, по се изгледа љубителите на ноќните забави се подготвени за такво нешто. Со себе ги носат сите потребни реквизити, ги знаат сите мали финти кои ќе ви помогнат во ваква турканица. Па, така девојките се преориентираа на маички и на бретели, дечките на ленени кошули, сите од нив ги научија местата каде одвреме навреме може да се почувствува свежиот воздух од вентилацијата, и нормално нешто да се пие за да не се дехидрира. И, така цела вечер, но и следната, и онаа во петок, и таа по еден месец… (А.Н.)