Негативни на коронавирус се резултатите на децата и родителите кои се сместени на Клиниката за детски болести –Скопје.

Како што информираат од детската клиника, тестирањата биле спорведени врз сите деца кои се хоспитализирани на хемато-онколошкото оддение, како и на нивните родители кои престојуваат со нив за време на лекувањето.

Превентивно ќе бидат направени и тестови на сите вработени од хемато-онколошкото оддение каде нема заболени или суспектени на вирусот, а по добивањето на резултатите, Универзитетската Клиника за детски болести –Скопје дополнително ќе ја информира јавноста.

Тестирањето се случуваше откако стана извесно дека на детската клиника се потврдија два позитивни случаи на коронавирус, од кои еден лаборант и медицинска сестра. Министерот за здравство, Венко Филипче, вчера изјави дека лаборантот се заразил со ковид-19 од мајка на пациент, кој лежел на клиниката, а медицинската сестра е од имунолошкото одделение.

извор: Makfax