Министерството за Одбрана информира дека во текот на денешниот ден лицата сместени во Центарот за обука во Пепелиште – Криволак, ќе бидат преместени на нова локација, соопшти Министерството.

– Како што известивме вчера, Центарот за обука во Пепелиште е само привремен простор каде треба да се извршат епидемиолошките прегледи согласно медицинскиот протокол. Тимот на Министерството за здравство утрово ќе ги заврши прегледите по што веднаш лицата ќе бидат преместени во реновираниот Завод во Демир Капија – велат од МО.