x

Некои НБА екипи можат да почнат со тренинзи од 1.мај

Од 1. мај (петок) на дел од НБА тимовите ќе им биде дозволено да ги отворат тренинг центрите и да одработат поединечни тренинзи, но тоа важи само за оние клубови кои се наоѓаат во сојузните држави во кои на сила се ублажени мерки за заштита од ширење на коронавирусот или не постои забрана за напуштање на домовите.

Дел од клубовите добија дозвола за одржување на тренинзи, но тоа не значи дека сега може да се размислува дека во брзо време ќе продолжи сезоната во НБА лигата која беше прекината на средината на март.

Џорџија веќе ги отвори фитнес-центрите и салите, а тоа од идната недела се очекува и во Оклахома и во Тексас. Од НБА лигата сметаат дека најдобро би било клубовите од овие држави да почнат да работат во клупските тренинг центри и да избегнуваат собирање во сали и фитнес-центри од отворен тип.

А овие мерки може да им дадат предност на некои екипи добро да се спремат, затоа што постојат сојузни држави во кои се уште на сила се строги мерки на изолација како на пример Калифорнија каде се наоѓаат четири НБА екипи.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата