Официјалните претставници на Европската агенција за управување на надворешните граници, Фронтекс предупредува дека од криумчарење на мигрантите се заработуваат околу стотина милиони евра при тоа истакнувајќи дека мафијашите кои некогаш тргувале со дрога и оружје, денес се пренасочени кон криумчарење на мигрантите.

Ваквата забелешка ја потврдува и извештајот на западните репортери од терен, од Турција па се до Унгарија. Известувачот на шпанскиот весник Мундо, истакна дека на автобуската станица во Белград има понуди скроени специјално за сириските бегалци. Понудата опфаќа место во камионот кои од Србија треба да го однесе мигрантот до Унгарија. Но, за столчето треба да плати најмалку 1000 евра, Некои од понудите, ја вклучуваат и Австрија, т.е Виена.

-Впрочем, некогашната цена од 200 евра денес е 1 000 евра, вели 30 годишниот Србин и тоа бидејќи постои опасност во Унгарија да биде ограбен возачот на камионот и при тоа да биде осуден на осум години затвор. 

Но, во понудата кој тој им ја нуди стои и дека неговиот камион ќе ги однесе до границата на Унгарија каде ќе бидат безбедни бидејќи водичот одлично го познава теренот. Потоа тој ветува дека водичот ќе ги води низ шумата (цели шест километри) по што целта е да стигнат до делот каде нема жичена ограда. На тој начин ќе влезат во Унгарија каде ќе ги пречека камион со таблици од земјите на ЕУ и ќе ги однесе до Виена.

Репортажите на медиумите сведочат за тоа дека бегалците често се изложени и соочени со насилство, грабежи, уцени и криминалци, стои во извештајот на францускиот дневник Фигари како и во извештајот на хуманитарната организација Амнести Интернешнал.

Шефот на Европол, Роб Вејнрајт вели дека последните сознанија за степенот на криминал на Балканот се загрижувачки, особено бидејќи Балканот во минатото се соочи со низа насилства, нестабилност и организиран криминал.

-Нема никакви сомневања дека најбезмилосните криминални банди се вклучени во шверцот на бегалци и мигранти, изјавил тој.

Потпаролот на Фронтекс, Изабела Купер изјави дека очекува нов бран на бегалци и мигранти што во превод би значело дека лидерите на мафијата на Балканот и ЕУ ќе настојуваат да развијат што поголема мрежа за криумчарење на мигранти.

Изворите за Европол и Фронтекс истакнуваат дека мафијата е современо опремена и организирана преку интернет, мобилни телефони при тоа додавајќи дека за одредена сума на пари тие им гарантираат на мигрантите безбеден превоз, сместување и храна.

Бегалците пак истакнуваат дека најтешко е да се замине од Сирија, Ирак и од другите земји каде се војува, па од преку Турција и Грција да се дојде до Македонија. Дополнително на сето ова тие треба да платат 2000 евра на водичите, а најмногу стравуваат од бандите кои ги ограбуваат и тепаат.

Побогатите мигранти имаат понуди од 8000 до 10000 евра од Истанбул каде со лажни пасоши и визи пристигнуваат во Германија.

Роб Вејнрајт објаснува дека во побогатите луѓе од Сирија, Ирак и во другите земји кои сакаат да заминат од дома и да стигнат во Европа плаќаат однапред и тоа на организираната мафија, по што дирекнто од Сирија за 15 илјади долари пристигнуваат во Велика Британија или Франција. 

Ова имплицира дека мафијата е во соработка со лидерите на организираниот криминал во земјите на ЕУ. 

Тарифата е следна: место во брод од Турција до некој грчки остров е 1000 евра, за да се стигне и замине од Македонија потребни се 500 евра, а од таму Авганистанците плаќаат и по 10 илјади евра за да стигнат до Унгарија.

Парите најчесто пристигаат преку т.н “хавала” систем, без банкарски мрежи но преку доверливи лица.

Според извештајот на ОН за сузбивање на трговијата со дрога и организиран криминал, групите кои од Африка криумчарат бегалци до Европа заработуваат годишно по 150 милиони долари, додека пак оние од Латинска Америка по 6, 6 милијарда долари