x

Некогаш „мелеа“ во ЛШ, сега испаднаа во Трета лига!

la-korunja

Во 2000 година Депортиво Ла Коруња ја освои шампионската титула во Шпанија, а сега клубот од Галиција испадна во Третата лига. За првпат по речиси 40 години Депортиво ќе игра во третиот по ранг фудбалско натпреварување во Шпанија.

Да потсетиме дека Депортиво беше и полуфиналист во ЛШ во 2004, четвртфиналист во 2001 и 2002 година,  како и освојувач на Купот на Шпанија во 1995 и 2002 година.

Така во последното 42. коло во шпанската Втора лига на Депортиво не му се поклопија резултатите на конкурентите. Нивниот меч со Фуенлабрада беше одложен поради заразени со коронавирус играчи од противничкиот тим, но и да го добијат на „зелена маса“ нема да им биде доволно да се спасат. Причината е што во тој случај ќе бидат бодовно изедначени со Пондерадина но беа послаби во меѓусебниот дуел.

За овој славен шпански клуб порано играа Бебето, Диего Тристан, Рој Макај, Хуан Акуња, Фран, Мауро Силва, Хуан Карлос Валерон, Акуња, Мирослав Ѓукиќ, Џалмиња, Пандијани, Алберт Луке…

Во најславниот денови на клубот како тренер работеше Хавиер Итураспе.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата