x

Нека му ја мисли Шкендија: Фантастичен Сон, четирипати ја решеташе мрежата на Саутемптон!

son-totenhem

Уф, во каква ли само форма е Сон, репрезентативецот на Ј. Кореја во пресрет на гостувањето во Скопје на Тотенхем претстојниот четврток, во меч од 3.квалификациско коло во ЛЕ против нашата Шкендија. Сон за “спарси“ на гостувањето кај Саутемптон постигна дури четири голови, и беше централна фигура кај тимот на Мурињо кој триумфираше со 5:2.

Интересно, први во водство дојдоа домашните со голот на Ингс во 32.минута. Потоа следуваше гол – шоуто на Јужнокореецот, кој од 45.минута, па се до 73., стрелаше четирипати во мрежата на домашните. На 5:1 зголеми Хари Кејн во 82.минута, на кого при резултат 0:0 ВАР му поништи гол во 3.минута. Конечните 5:2 ги постави Ингс во судиското продолжение и тоа од пенал.

Е, па, нека му ја мисли сега Шкендија…

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата