Легендата на бразилскиот и светскиот фудбал Пеле го повика младиот суперталент и свој сонародник Неимар да се стегне и да стане вистински професионалец ако сака да успее во Европа.
– Европскиот фудбал е многу поразличен од јужноамериканскиот фудбал, изјави Пеле за весникот “Дејли Мејл” и додава:
– Ние, навивачите на Сантос, велиме дека тој е најдобриот играч на светот, меѓутоа Немира поминува повеќе време на социјалните мрежи, наместо да игра добро за својата екипа. Тој има многу одговорности на своите плеќи. Неимар, сепак, во моментов мисли повеќе за модата и за својата фризура.

Пеле во исто време го посоветува младиот напаѓач да го смени Сантос со шпанскиот гигант Барселона. Според него, 21-годишниот Неимар само во Барселона може да ја подобри својата форма.
– Во Англија, Италија и Германија се игра потврд фудбал, зашто судиите го дозволуваат тоа. Барселона би му дошла идеално. Неимар е извонреден фудбалер, но има потреба од искуство, коментира Пеле.
– За да стане лидер на репрезентацијата му треба уште да се развива и тоа надвор од Бразил. Тој се уште не е подготвен да го носи на своите рамења националниот тим, констатира Пеле.