Неидентификуван експлозивен уред ја предизвикал експлозијата на факултетот во кримскиот град Керх, потврдија руските антитерористички власти. На местото на експлозијата се распоредени екипи за демонтирање експлозиви на ФСБ, пренесува РТ.

„Имаше детонација на неидентификуван експлозивен уред во Керх”, изјави рускиот Национален антитерористички комитет (НАК).

Агенцијата потврди дека 13 лица загинаа во експлозијата и најмалку 50 се повредени. Медицинските лица потврдија дека досега се хоспитализирани 34 лица. На Крим поради несреќата е прогладена тридневна жалост.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека иследниците го разгледуваат тероризмот како можна причина за инцидентот.

Според Рускиот истражен комитет, неидентификуван експлозивен уред исполнет со метални шрапнели експлодирал во кафетеријата на факултетот. Комитетот, исто така, почна со интервјуирање на сведоците и анализа на снимки од камерите за надгледување.

Локалните медиуми објавија дека пред експлозијата да го потресе факултетот, се слушнале истрели од оружје. Народниот правобранител на Крим рече дека повеќето жртви во експлозијата се студенти.

Кога моќната експлозија го потресе Политехничкиот колеџ, прелиминарните извештаи сугерираа дека инцидентот е можеби предизвикан од истекување гас, пренесе „Спутник“. Сепак, локацијата се проверува од екипи за експлозивни средства на ФСБ и експерти за судска медицина.

Портпаролот на НАК рече дека во Керџ се испратени силите на ФСБ и на полицијата. Сите единици за спроведување на законот работат на испитување на експлозијата и наспречување други можни експлозии.

извор: Makfax