Учесниците на панел за “Западен Балкан: Одалечување од ЕУ?“, во рамки на Глобсек форум во Братислава, согласни се дека за регионот на Западен Балкан членство во ЕУ нема алтернатива, како и тоа ЕУ мора константно да дава подршка на тој процес.

Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ рекол дека за земјата нема план Б кога станува збор за ЕУ, наведувајќи дека Црна Гора станала членка на НАТО и дека напредува во европските интеграции повеќе отколку другите земји. Т

ој, меѓутоа, предупредил дека Балканот мора да биде зона на одговрноста на Европа, бидејќи дел од Европа, на европскиот систем на вредности, и дека на геополитичката сцена има ниви играчи.

– Кина и Русија бараат своја позиција на Балканот, а колку ќе добијат зависи од тоа колку ќе им даде НАТО и ЕУ. Јас затоа ги повикувам НАТО и ЕУ да си ја работат работата во регионот и да престанат да се повторуваа дека вратата е отворена…

Одговарајќи на прашања на модераторот, Ѓукановиќ рекол дека е точно, Црна Гора земала кредит од Кина за автопат, но истакнал дека тоа е сторено бидејќи понудата била далеку најдобра

– Зошто не добивме такви услови од ЕБРД и ЕИБ? Затоа Кина ја пополни таа дупка која им ја прешушти Европа…

На прашање од публика дали на следниот конгрес на партијата кој ќе се одржи за неколку месеци ќе поднесе оставка на место претседател на ДПС, бидејќи е претседател на државата, Ѓукановиќ рекол дека за “жал“ во овој момент неможе да одговри на тоа прашање.

– Тоа е тема која ќе ја расправаме во нашата земја за време на подготовката на конгресот – рекол Ѓукановиќ

На одговорот на Ѓукановиќ се надоврзал претседателот на Србија Александар Вучиќ, кој рекол дека начинот на кој црногорскиот претседател одговорил покажува зошто е 30 години на власт… –

– Најпаметна можна реакција – забележал Вучиќ