x

Незадоволен од судењето влезе на терен со БМВ и се обиде да го прегази судијата

Неверојатна ситуација во Јужна Африка, поточно во четвртата лига во оваа африканска држава. Еден навивач незадоволен од судењето влегол на терен со својот автомобил БМВ и пробал да го прегази судијата.

Здружението на фудбалери на Јужна Африка го осуди овој чин.

„Шокирани сме од ова варварско однесување. Ова мора да се реши. ФС на Јужна Африка мора итно да реагира и да ги казни овие ненормални луѓе“, соопшти Здружението.

Навивачот откако не успеа да го прегази судијата, го свртел БМВ-то и се упатил кон клупата на противничкиот тим.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата