Незаборавни школски денови
Школските години се посебно искуство за животот на секој млад човек и затоа импресиите и проблемите од средношколските денови треба да се поделат. Таква беше и нашата цел, која преку рубриката “Средношколски клупи” успеавме да ја реализираме. Одблиску ве запознавме со условите во кои учат средношколците, нивните успеси, проблеми, гафови… Училишните врати изминативе неколку месеци за екипата на “Вечер” ги отворија гимназиите: “Јосип Броз”, “Корчагин”, “Георги Димитров”, “Никола Карев”, средното Медицинско училиште, Музичко-балетскиот училишен центар, приватните училишта “Јахја Кемал” и “Нова”, како и ГУЦ, “Димитар Влахов”, “Васил Антевски Дрен”, “Орце Николов” и “Арсени Јовков”… Во 13-те училишта во кои влеговме, насекаде наидовме на срдечен прием од професорите, директорите и, нормално, учениците. Условите, опременоста, односот меѓу професорите и учениците, па и наставните програми во секое училиште беа различни. Во некои подобри во други полоши, но она што беше единствено е дружбата, духот и креативноста која ја сретнавме кај средношколците. Како и да е, благодарност до сите училишта и средношколците со кои одлично се дружевме изминативе 4 месеци.
Најкул училиште? Најсредено училиште? Најубави девојки? Најкул момчиња? Најкул директор? Најголем гаф? Одговорите на овие прашања и на многу други (по ваш избор) може да ни ги испраќате на: забавнаЖвецер.цом.мк По повод матурските вечери редакцијата “Вечер” одлучи со креации и комплетен стајлинг да награди четири матурантки. Вие ќе треба само да го пополните купонот и да го чекате извлекувањето, кое ќе биде на 19 април. Креациите ќе ги изработуваат модните креатори Бојана Неткова и Антонија Ристовска.
Најопуштено место:
Музичко
Моника Крстевска
Синото катче
Синото катче е најпосетеното и најрелаксирачкото место во училиштето. Таму учениците се собираат и уживаат во пороците. (ха,ха)
Арсени Јовков
Бојана Илијоска
Најопуштено место во училиштето?
Дефинитивно тоа е паркот. Омилено место на пушачите е тоалетот.
ГУЦ
Емилија Дамјановска
Најкул училиште
За разлика од останатите училишта, кај нас никој не “глуми лудило”. Ние сме природни, нема лицемерие и муабети зад грб. Колку ние се сакаме најдобро може да се види во соблекувалните во фискултурната сала кои ги сметам за најљубовни катчиња во училиштето.
Георги Димитров
Бранко Јосифов
Шема
После часовите во училиштето, главна шема е да се оди на кафе кај Нате и Горан. Оваа шема освен за после часови, ја предлагам и тогаш кога немате часови.
Јосип Броз
Теодора Теа Клинчарова
Најпосетено ќоше во училиштето?
-Дефинитивно бифето. Од проста причина, тоа ни е најблиското место каде може да купиме нешто за јадење, да седнеме да помуабетиме додека пиеме кафе…Конкуренцијата на бифето како најпосетено ќоше е сериозно загрозено од вецето, кое дефинитивно е многу посетено. Некој од една друг од друга причина, а најчесто за пушење.
Орце Николов
Игор Цветановски
Најкул училиште?!
Орце е дипломатско училиште затоа што веднаш до нас е Американската амбасада (ха,ха). Паркот ни е многу близу, а имаме и неколку кафулиња во кои сите заедно се забавуваме. Затоа мислам дека сме најкул училиште во градов.