Неексплодирана тромблонска мина била пронајдена на нива во тетовско село.

Според информациите од полицијата, вчера во СВР Тетово, Х.И.(42) пријавил дека во атарот на тетовското село Долно Седларце, во месноста „Стевчево“, додека бил на лов, во нива забележал неексплодирана тромблонска мина, која била кородирана.

Извршен бил увид, а мината била подигната и транспортирана од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување.

извор: Makfax